БРЗО. ТОЧНО. БЕЗБЕДНО.

Клиринг на мали меѓубанкарски плаќања. Регистар на трансакциски сметки.
Блокади на трансакциски сметки. КИБС ИНФО сервис за размена на податоци.
Издавање на дигитални сертификати. Ki-Pay процесор за електронска трговија.
Безбедна интербанкарска оптичка мрежа.

Клиринг

МЕЃУБАНКАРСКИ ПЛАЌАЊА НА МАЛИ ИЗНОСИ

Клирингот на меѓубанкарските плаќања на мали износи е основниот сервис со кој управува и раководи КИБС. Овој процес се изведува во еден клириншки ден кој претставува временски период во кој се реализираат сите трансакции означени со датум на валута од тековниот работен ден. Во рамките на еден клириншки ден можат да се извршат еден или повеќе циклуси на порамнување. КИБС изведува еден циклус. Клирингот како дел од платниоит систем во Република Македонија претставува процес кој се изведува секој работен ден според Календарот на (не)работни денови на релација: банки - КИБС - Македонски интербанкарски платен систем (МИПС) и обратно. Овие активности КИБС ги изведува согласно Правилникот за работа на КИБС, Терминскиот план за работа на КИБС, и другите акти на КИБС кои ги уредуваат постапките и процедурите за работење кои се во согласност со Законот за платен промет и Базичните принципи за системски значајните платни системи. Процесот започнува со прием на пакети од банките кои содржат податоци од инструментите за плаќање издадени од клиентите на банките и од банките по основ на разни должничко доверителски односи. КИБС утврдува кумулативна состојба за секоја банка посебно и по принцип на мултилатерално пребивање (клириншка пресметка) утврдува нето состојба за секоја банка, учесник во клирингот. Овие состојби ги порамнува во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), а детален извештај доставува до секоја банка, учесник во клирингот.

Оператор на платен систем Резервен гарантен фонд

ЕРТС

ЕДИНСТВЕН РЕГИСТАР НА ТРАНСАКЦИСКИ СМЕТКИ

Како законска обврска која е уредена со Законот за платен промет, а по одредување од Министерствтото за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС). Содржината на регистарот и начинот на водење е според Одлуката за начинот на водењето и содржината на Единствениот регистар на трансакциски сметки, донесена од НБРМ. ЕРТС претставува обединет регистар на ниво на Република Македонија и од регистрите на трансакциски сметки кои ги води НБРМ и поединечните регистри кои ги водат носителите на платниот промет. Конструкцијата на сметките се според IBAN, односно Одлуката за пропишување на стандард за конструкција на сметките на учесниците во платниот промет и доделување на водечки број на носителите на платниот промет донесена од НБРМ. Процесот се одвива на релација: носител на платен промет-КИБС-Народната банка на Република Македонија и Централниот регистар на Република Македонија. Со примена на принципот на реципроцитет, КИБС доставува известување за промените во ЕРТС до сите носители на платниот промет кои дале согласност за разменување на податоци за трансакциските сметки. КИБС овозможува, по избор на носителот на платен промет кој доставува податоци за промени во ЕРТС, ажурирањето на ЕРТС, да го врши во реално време, веднаш по нивниот прием или на крајот од денот, а промените да се користат од наредниот клириншки ден. Податоците од ЕРТС се користат согласно законските прописи и од страна на овластените институции: НБРМ, Трезорот при Министерството за финансии, Трезорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и Централниот Регистар на Република Македонија.

едноставно, брзо, безбедно

Ki-Pay претставува процесор за електронска трговија и електронски плаќања иницирани на интернет и проследени кон системот за електронско банкарство на банката за наплата од трансакциска сметка на купувачот.

После изборот на основот за плаќање (купување производи и услуги, уплати за јавни давачки, трансфер на средства и друго), купувачот врши плаќање преку Ki-Pay со помош на електронското банкарство на банката која е негов сопствен избор.

Ki-Pay овозможува сите корисници на интернет банкарство од банките учеснички да купуваат производи и услуги од интернет продавниците на брз, едноставен и безбеден начин.

KI-PAY

Вашиот избор за дигитална доверба

КИБС од јуни 2006 година е првиот регистриран Издавач на сертификати (ИС) во Единствениот Регистар на издавачи на сертификати кој го води Министерството за финансии.

КИБС издава персонални квалификувани сертификати со заштитено име Верба® на физички лица за користење во приватни цели (Верба К1 и Верба К2) и на физички лица во службени цели (Верба Про1 и Верба Про2).

Во рамките на овој сервис КИБС нуди широка палета на SSL (серверски) сертификати од реномирани издавачи на овој вид сертификати: VeriSign, GeoTrust и Thawte.

KIBSTRUST

КИБС-Инфо

УСЛУГИ ЗА РАЗМЕНА НА ПОДАТОЦИ

Во рамките на сервисот КИБС ИНФО се вршат повеќе услуги на размена на податоци помеѓу доставувачите на податоците и нивните корисници кои произлегуваат како законска обрвска или пак врз основа на договор.

1. Размена на податоци за блокирана трансакциска сметка на учесник во платниот промет непрекинато над 45 дена

2. Размена на податоци за стечајна постапка

3. Доставување податоци и информации за поседување на трансакциска сметка по барање на извршител Овој сервис КИБС го врши согласно Законот за извршување.

4. Размена на податоци за новорегистрираните субјекти и нивните промени на релација Централен Регистар на Република Макеоднија (ЦР) – КИБС - носители на платниот промет и обратно Согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица.

5. Размена на податоци за платните трансакции издадени по пресметка на бруто плата КИБС е дел од националниот систем за бруто плати кој има за цел пресметка и исплата во целост и истовремено на нето платата и придонесите за секој вработен, во кој се вклучени Управата за јавни приходи, банките и правните лица.

6. Проверка на податоци од платните трансакции КИБС го нуди овој сервис на правните субјекти кои бараат да го проверат постоењето и точноста на одредени поврзани податоци кои се дел од содржината на платните трансакции.

7. Размена на податоци за промени во Регистарот на правни лица кој го води Централниот регистар на Република Македонија со цел информирање на банките и други заинтересирани субјекти за новите субјекти запишани во регистарот на трговски друштва со ЦР, како и информирање за измените кај субјектите и бришење на истите во регистарот.

Блокади

СЕРВИС ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ НА БЛОКИРАНИ СМЕТКИ

Согласно Законот за платен промет, доколку на трансакциската сметка на учесникот во платниот промет нема доволно средства за извршување на решение за присилна наплата носителот на платен промет кај кого се води трансакциската сметка ја блокира сметката и ги известува сите останати носители на платен промет да ги блокираат сметките кои се водат за истиот учесник и од истите не смеат да вршат плаќања.

Известувањето се врши преку сервисот КИБС БЛОКАДИ кој го води КИБС. Основ за блокада на трансакциска сметка може да биде судско решение, решение од надлежен орган (Управата за јавни приходи, Царина на Република Македонија, Министерството за финансии, локалната самоуправа, Фондот за води) или налог за извршување од извршител.

Учесници во сервисот КИБС БЛОКАДИ се носителите на платниот промет.

Процесот на сервисот КИБС БЛОКАДИ се однесува на прием на податоци за блокирана/деблокирана трансакциска сметка од носител на платен промет и доставува во истиот момент на известувањето за блокада до сите носители на платен промет.

Корисници на КИБС БЛОКАДИ се сите носители на платен промет.

КИБС Финет

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА БЕЗБЕДНА ЗАТВОРЕНА МРЕЖА

КИБС-ФиНет е телекомуникациска мрежа на затворена група корисници за размена на податоци со КИБС, изнајмена од телеком оператори. Начинот на поврзување на учесникот во КИБС-ФиНет е опишан во Техничкото упатство за поврзување со КИБС.

Aдминистратор на мрежата КИБС-ФиНет која:
- Ја дефинира и одржува адресната структура на мрежата;
- Посредува при склучување на договор за соодветно сервисно ниво на услуги помеѓу учесниците и корисниците и телеком операторот/операторите;
- Врши проценка на подготвеноста на учесниците и корисниците за приклучување кон КИБС-ФиНет.


Врз основа на Договорот за одржување, кој го склучува поединечно со секоја членка, КИБС како администратор на КИБС-ФиНет може кај членките да ја конфигурира и да ја следи работата на опремата која е интерфејс кон КИБС-ФиНет.

Заштита на мрежата на страната на членката е одговорност на членката. Администраторот на КИБС-ФиНет може да изврши измена на техничките услови за работа со мрежата за што е должен да ги извести членките најдоцна 3 месеци пред влегувањето во сила на измената. услугите со отворен пристап се организираат и извршуваат преку Интернет.

При извршувањето на услугите со ограничен пристап комуникацијата е со вградени механизми на заштита и со авторизиран пристап на корисникот кој се најавува со примена на електронски сертификат.