КИБС

Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје е oператор на платен систем за порамнување на мали меѓубанкарски плаќања во Република Македонија.
Давател на дополнителни услуги од заеднички интерес за банките.

Повеќе

KIBSTrust

ДИГИТАЛНА ДОВЕРБА ЗА ВАС

Дигитални сертификати со глобална прифатеност кај оперативните системи и веб-прелистувачите.
Сертификатите Verba Seal обезбедуваат сигурност во потеклото и интегритетот на документот врз кој е ставен електронски печат од правно лице.

Ki-Pay

ЗА ВАШАТА Е-ПРОДАВНИЦА

Ki-Pay претставува процесор за електронска трговија и електронски плаќања иницирани на интернет и проследени кон системот за електронско банкарство на банката за наплата од трансакциска сметка на купувачот.

За КИБС

Основање

Во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Република Македонија, банките од Република Македонија ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. КИБС се регистрира како правен субјект во мај 2001 година со уписот во Единствениот трговски регистар на Централниот регистар на Република Македонија.

Цел

Основната цел за која е основана КИБС е вршење на клиринг на мали меѓубанкарски плаќања. КИБС, согласно Законот за платен промет, како оператор на платен систем зазема централно место во клирингот и порамнувањето на меѓубанкарските платни трансакции на мали износи во Република Македонија. Во своето досегашно работење успешно ја извршува дејноста на автоматизирана клириншка куќа, а според статистистичките показатели ,од своето основање до денес, обемот на работа покажува тенденција на постојан пораст.

Други платни услуги

Согласно Законот за платен промет, а по одобрување од Министерството за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), врши размена на информации за блокади на сметки, како и врши размена на други информации кои се од интерес за нејзините членки. Користејќи ја современата информатичка технологија и расположливата кадровска структура, КИБС изработи сопствени апликативни решенија за услугите кои ги дава како законска обврска, но и за оние кои се по барање и во договор со своите клиенти.

Дигитална доверба

КИБС од јуни 2006 година е издавач на дигитални сертификати Верба и е регистриран во Единствениот регистар на издавачи на сертификати, кој го води Министерството за финансии. Од 2010 година КИБС е застапник и продавач на широка палета на SSL (серверски) сертификати кои ги издаваат најпознатите издавачи на овој вид сертификати, VeriSign, GeoTrust и Thawte.

Мисија на КИБС

Континуиран развој на клирингот на мали меѓубанкарски плаќања со примена на современи методи и техники на клиринг и порамнување, во согласност со меѓународните стандарди.

Визија на КИБС

Да бидеме водечка сервисна институција за давање на услуги од меѓубанкарски интерес, услуги за потребите на државата и за други деловни субјекти, профитабилна институција, пазарно ориентирана, опремена со висок степен на информатичка техниологија, стручност, професионалност и сигурност во работењето.

Акционери во КИБС

Акционери во КИБС се 12 банки со различен број на акции.
  • Стопанска банка АД Скопје
  • НЛБ Банка АД Скопје
  • УНИ банка АД Скопје
  • Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
  • Силк Роуд банка АД Скопје
  • TTK банка АД Скопје
  • Комерцијална банка АД Скопје
  • Централна кооперативна банка АД Скопје
  • Еуростандард банка АД Скопје
  • Стопанска банка АД Битола
  • Охридска банка АД Скопје
  • Халк Банка АД Скопје

ISO сертификати на UKAS

КИБС ja потврдува исполнетоста на стандардите и се стекна со акредитирани ISO сертификати на UKAS

ISO/IEC 9001:2015

Систем за управување со квалитет

ISO/IEC 27001:2013

Систем за управување со
сигурност на информации

ISO/IEC 20000-1:2011

Систем за управување со услуги

ISO/IEC 22301:2012

Систем за управување со
деловна непрекинатост


Кон крајот на 2008 година КИБС го основа Македонското кредитно биро, прво приватно кредитно биро во Република Македонија, со основна функција да врши целосно или делумно собирање и обработка на податоци за обврските на субјектите, други податоци согласно Законот за кредитно биро како и изработка на извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на субјектот на податоците.
@section scripts { }