Учесници во други сервиси


Учесници во други сервиси се правните лица од државниот-јавниот и приватниот сектор кој воспоспоставиле договорни односи со КИБС за користење одредена електронска услуга, а која се заснова на размена на податоци во електронски облик. 

Управа за јавни приходи (УЈП)
Централен регистар на Република Македонија (ЦРМ)
Град Скопје
Општина Битола
Општина Велес
Универзитет Гоце Делчев
АФПЗРР

Успешно работење на КИБС

КИБС АД Скопје ја продолжува успешната работа и позитивниот раст во однос на финансиските резултати, обемот на извршени услуги, задоволството на корисниците на услуги и сервиси, ангажирањето и посветеноста на органите на управување, менаџментот и вработените. Годинава друштвото оствари позитивен финансиски резултат, во насока на одржување на целосна стабилност и сигурност во работењето. Успехот во работењето се должи и на одличната соработка со корисниците на услугите на КИБС, следењето на финансискиот сектор и соодветно реагирање на промените и предизвиците, следењето и развојот на информатичката технологија, одржување и подигање на нивото на автоматизацијата на процесите и примената на најсовремени технологии, посветеноста и грижата за потребите и барањата на корисниците и примената на меѓународните стандарди за работење.

Информации за издавање на ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ



Телефони
+ 389 (02) 3297 444 + 389 (02) 5513 444
факс:+389 2 3297 497
e-mail:helpdesk@kibs.mk.

Директно задолжување
КИБС АД Скопје изработи апликативно решение за симулирање на процесот за директно задолжување  според правилата, практиките и стандардите на СЕПА. КИБС потпиша договор со Европскиот платен совет за користење на лиценци за правилата, процедурите, стандардите и форматите на шемите за директни задолжувања. Симулаторот е на располагање на сите заинтересирани страни при што истите можат да учествуваат во улога на банка, должник или доверител. За повеќе информации можете да се обратите на e-mail: DirektnoZadolzuvanje@kibs.mk.

Македонското кредитно биро АД Скопје

Македонското кредитно биро АД Скопје Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија и е во сопственост на КИБС АД Скопје.

Основна функција на МКБ е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.

За повеќе информации можете да се обратите на:
e-mail: info@mkb.mk
тел.:+389 (0)2 3251 280
факс: +389 (0)2 3251 290