КИБС КЛИРИНГ

Клирингот на меѓубанкарските плаќања на мали износи е основниот сервис со кој управува и раководи КИБС. Овој процес се изведува во еден клириншки ден кој претставува временски период во кој се реализираат сите трансакции означени со датум на валута од тековниот работен ден. Во рамките на еден клириншки ден можат да се извршат еден или повеќе циклуси на порамнување. КИБС изведува еден циклус.


Клирингот како дел од платниоит систем во Република Македонија претставува процес кој се изведува секој работен ден според Календарот на (не)работни денови на релација: банки - КИБС - Македонски интербанкарски платен систем (МИПС) и обратно. Овие активности КИБС ги изведува согласно Правилникот за работа на КИБС, Терминскиот план за работа на КИБС, и другите акти на КИБС кои ги уредуваат постапките и процедурите за работење кои се во согласност со Законот за платен промет и Базичните принципи за системски значајните платни системи.

Процесот започнува со прием на пакети од банките кои содржат податоци од инструментите за плаќање издадени од клиентите на банките и од банките по основ на разни должничко доверителски односи. КИБС утврдува кумулативна состојба за секоја банка посебно и по принцип на мултилатерално пребивање (клириншка пресметка) утврдува нето состојба за секоја банка, учесник во клирингот. Овие состојби ги порамнува во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), а детален извештај доставува до секоја банка, учесник во клирингот.  

Успешно работење на КИБС

Клириншката куќа КИБС АД Скопје пристапи кон подобрување на квалитетот во работењето со воведување на повисоки стандарди во работењето во насока на
Принципите за инфраструктурата на финансиските пазари донесени од Банката за меѓународно порамнување од Базел,
поконкретно за платните системи кои се однесуваат на платниот систем за мали меѓубанкарски плаќања на КИБС.






Информации за издавање на ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ



Телефони
+ 389 (02) 3297 444 + 389 (02) 5513 444
факс:+389 2 3297 497
e-mail:helpdesk@kibs.mk.

ISO сертификати на UKAS
КИБС ja потврдува исполнетоста на стандардите и се стекна со акредитирани ISO сертификати на UKAS за:
ISO/IEC 9001:2015 – Систем за управување со квалитет,стем за управување со квалитет,
ISO/IEC 27001:2013 – Систем за управување со сигурност на информации
ISO/IEC 20000-1:2011 – Систем за управување со услуги
ISO/IEC 22301:2012 – Систем за управување со деловна непрекинатост.

Македонското кредитно биро АД Скопје

Македонското кредитно биро АД Скопје Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија и е во сопственост на КИБС АД Скопје.

Основна функција на МКБ е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.

За повеќе информации можете да се обратите на:
e-mail: info@mkb.mk
тел.:+389 (0)2 3251 280
факс: +389 (0)2 3251 290