КИБС ИНФО

Во рамките на сервисот КИБС ИНФО се вршат повеќе сервиси на размена на податоци помеѓу доставувачите на податоците и нивните корисници кои произлегуваат како законска обрвска или пак врз основа на договор.

1. Размена на податоци за новорегистрираните субјекти и нивните промени на релација Централен Регистар на Република Макеоднија (ЦР) – КИБС - носители на платниот промет и обратно Согласно Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, ЦР користејќи го КИБС ИНФО, доставува податоци и документи за субјектите на упис, со барање банката, која ја одредил субјектот, да достави број на трансакциска сметка која е прва на ново регистрираниот субјект. Банката во рок од 24 часа по приемот одговора на барањето и преку КИБС ги доставува бараните податоци на ЦР. За останатите транскциски сметки кои може да ги отвори ученикот во платниот промет во една или повеќе банки не се користи овој сервис. Учесници во овој сервис се носителите на платниот промет, КИБС и ЦР.

2. Размена на податоци за блокирана трансакциска сметка на учесник во платниот промет непрекинато над 45 дена Согласно Законот за платен промет носителот на платен промет преку ЕРТС електронски доставува податоци за учесниците во платниот промет чии трансакциски сметки непрекинато се блокирани повеќе од 45 дена. Процесот се одвива на релација:носител на платен промет – КИБС – ЦР. Учесници во овој сервис се носителите на платниот промет, КИБС и ЦР.

3. Размена на податоци за стечајна постапка ЦР, користејќи го сервисот КИБС ИНФО, електронски доставува податоци за отворен стечај на учесник во платниот промет или за отворена стечајна сметка или податоци за запрен стечај. Процедурата на овој сервис се врши на релација ЦР – КИБС - носители на платниот промет.

4. Доставување податоци и информации за поседување на трансакциска сметка по барање на извршител Овој сервис КИБС го врши согласно Законот за извршување. Според пропишаната процедура КИБС од извршителите прима барања за добивање на податоци и информации за поседување на трансакциски сметки со цел извршителот правилно го насочи извршното решение кон соодветна банка во Република Македонија. Барањето, а соодветно на него и одговорот може да биде електронски или во хартиен облик. Учесници во овој сервис се извршителите и КИБС.

5. Размена на податоци за платните трансакции издадени по пресметка на бруто плата КИБС е дел од националниот систем за бруто плати кој има за цел пресметка и исплата во целост и истовремено на нето платата и придонесите за секој вработен, во кој се вклучени Управата за јавни приходи, банките и правните лица. Системот овозможува целосна електронска обработка на податоците во врска со пресметка, одобрување, плаќање, известување од почеток до крај. Овој сервис КИБС го врши согласно Меморандумот за соработка и договорот склучени помеѓу Министерството за финансии и КИБС. КИБС овозможува прием на податоците од Управата за јавни приходи од платните трансакции издадени по пресметка на бруто плата на правните лица и ставање на располагање на носителите на платен промет при реализација на платните трансакции доставени од своите клиенти по наведениот основ. Учесници во овој сервис се Управата за јавни приходи, КИБС и носителите на платниот промет (банките).

6. Процесирање на платни информации од масовни плаќања Овој сервис КИБС го врши за правните субјекти кои се примачи на масовни уплати. Зависно од барањето услугата може да се користи при приемот на платната трансакција пред извршувањето или по нивното извршување.

7. Проверка на податоци од платните трансакции КИБС го нуди овој сервис на правните субјекти кои бараат да го проверат постоењето и точноста на одредени поврзани податоци кои се дел од содржината на платните трансакции. Овој сервис се врши по договор. Учесници во овој сервис се правните лица – корисници на сервисот и КИБС.

8. Размена на податоци за промени во Регистарот на правни лица кој го води Централниот регистар на Република Македонија со цел информирање на банките и други заинтересирани субјекти за новите субјекти запишани во регистарот на трговски друштва со ЦР, како и информирање за измените кај субјектите и бришење на истите во регистарот.
Со размената на податоци за промени во Регистарот на правни лица се врши достава на тековни состојби на правни лица од ЦР преку КИБС до корисниците на услугата.
Корисници на услугата се банките.
Со користење на услугата, банката - корисник ќе добива нови тековни состојби за своите комитенти со ажурирани податоци односно: со изменети податоци или пак избришани субјекти во ЦР. Банката ќе добива податоци и за тековната состојба на субјект кој не е клиент на банката.
При функционирањето на услугата важат актите на КИБС со кој се регулира размената на податоци и тоа Правилникот за работа на КИБС, Упатството за видот, формата и начинот на размена на податоци, Техничкото упатство за поврзување со КИБС како и останатите акти на КИБС.

Успешно работење на КИБС

Клириншката куќа КИБС АД Скопје пристапи кон подобрување на квалитетот во работењето со воведување на повисоки стандарди во работењето во насока на
Принципите за инфраструктурата на финансиските пазари донесени од Банката за меѓународно порамнување од Базел,
поконкретно за платните системи кои се однесуваат на платниот систем за мали меѓубанкарски плаќања на КИБС.






Информации за издавање на ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ



Телефони
+ 389 (02) 3297 444 + 389 (02) 5513 444
факс:+389 2 3297 497
e-mail:helpdesk@kibs.mk.

ISO сертификати на UKAS
КИБС ja потврдува исполнетоста на стандардите и се стекна со акредитирани ISO сертификати на UKAS за:
ISO/IEC 9001:2015 – Систем за управување со квалитет,стем за управување со квалитет,
ISO/IEC 27001:2013 – Систем за управување со сигурност на информации
ISO/IEC 20000-1:2011 – Систем за управување со услуги
ISO/IEC 22301:2012 – Систем за управување со деловна непрекинатост.

Македонското кредитно биро АД Скопје

Македонското кредитно биро АД Скопје Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија и е во сопственост на КИБС АД Скопје.

Основна функција на МКБ е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.

За повеќе информации можете да се обратите на:
e-mail: info@mkb.mk
тел.:+389 (0)2 3251 280
факс: +389 (0)2 3251 290