КИБС ЕРТС

Како законска обврска која е уредена со Законот за платен промет, а по одредување од Министерствтото за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС).

Содржината на регистарот и начинот на водење е според Одлуката за начинот на водењето и содржината на Единствениот регистар на трансакциски сметки, донесена од НБРМ. ЕРТС претставува обединет регистар на ниво на Република Македонија и од регистрите на трансакциски сметки кои ги води НБРМ и поединечните регистри кои ги водат носителите на платниот промет. Конструкцијата на сметките се според IBAN, односно Одлуката за пропишување на стандард за конструкција на сметките на учесниците во платниот промет и доделување на водечки број на носителите на платниот промет донесена од НБРМ. Процесот се одвива на релација: носител на платен промет-КИБС-Народната банка на Република Македонија и Централниот регистар на Република Македонија. Со примена на принципот на реципроцитет, КИБС доставува известување за промените во ЕРТС до сите носители на платниот промет кои дале согласност за разменување на податоци за трансакциските сметки. КИБС овозможува, по избор на носителот на платен промет кој доставува податоци за промени во ЕРТС, ажурирањето на ЕРТС, да го врши во реално време, веднаш по нивниот прием или на крајот од денот, а промените да се користат од наредниот клириншки ден.

Податоците од ЕРТС се користат согласно законските прописи и од страна на овластените институции: НБРМ, Трезорот при Министерството за финансии, Трезорот на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија и Централниот Регистар на Република Македонија.

Успешно работење на КИБС

Клириншката куќа КИБС АД Скопје пристапи кон подобрување на квалитетот во работењето со воведување на повисоки стандарди во работењето во насока на
Принципите за инфраструктурата на финансиските пазари донесени од Банката за меѓународно порамнување од Базел,
поконкретно за платните системи кои се однесуваат на платниот систем за мали меѓубанкарски плаќања на КИБС.






Информации за издавање на ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ



Телефони
+ 389 (02) 3297 444 + 389 (02) 5513 444
факс:+389 2 3297 497
e-mail:helpdesk@kibs.mk.

ISO сертификати на UKAS
КИБС ja потврдува исполнетоста на стандардите и се стекна со акредитирани ISO сертификати на UKAS за:
ISO/IEC 9001:2015 – Систем за управување со квалитет,стем за управување со квалитет,
ISO/IEC 27001:2013 – Систем за управување со сигурност на информации
ISO/IEC 20000-1:2011 – Систем за управување со услуги
ISO/IEC 22301:2012 – Систем за управување со деловна непрекинатост.

Македонското кредитно биро АД Скопје

Македонското кредитно биро АД Скопје Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија и е во сопственост на КИБС АД Скопје.

Основна функција на МКБ е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.

За повеќе информации можете да се обратите на:
e-mail: info@mkb.mk
тел.:+389 (0)2 3251 280
факс: +389 (0)2 3251 290