Историја

Во 2001 година, во текот на реформата на платниот систем во Република Македонија, банките од Република Македонија ја основаа Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје(КИБС) како акционерско друштво. КИБС се регистрира како правен субјект во мај 2001 година со уписот во Единствениот трговски регистар на Централниот регистар на Република Македонија.


Основната цел за која е основана КИБС е вршење на клиринг на мали меѓубанкарски плаќања. КИБС, согласно Законот за платен промет, како оператор на платен систем зазема централно место во клирингот и порамнувањето на меѓубанкарските платни трансакции на мали износи во Република Македонија. Во своето досегашно работење успешно ја извршува дејноста на автоматизирана клириншка куќа, а според статистистичките показатели ,од своето основање до денес, обемот на работа покажува тенденција на постојан пораст.

Согласно Законот за платен промет, а по одобрување од Министерството за финансии, КИБС го води Единствениот регистар на трансакциски сметки (ЕРТС), врши размена на информации за блокади на сметки, како и врши размена на други информации кои се од интерес за нејзините членки.
Користејќи ја современата информатичка технологија и расположливата кадровска структура, КИБС изработи сопствени апликативни решенија за сервисите кои ги врши како законска обврска, но и за оние кои се по барање и во договор со своите клиенти.

КИБС од јуни 2006 година е издавач на дигитални сертификати Верба и е регистриран во Единствениот регистар на издавачи на сертификати, кој го води Министерството за финансии. Од 2010 година КИБС е застапник и продавач на широка палета на SSL (серверски) сертификати кои ги издаваат најпознатите издавачи на овој вид сертификати, VeriSign, GeoTrust и Thawte.

Кон крајот на 2008 година КИБС го основа Македонското кредитно биро, прво приватно кредитно биро во Република Македонија, со основна функција да врши целосно или делумно собирање и обработка на податоци за обврските на субјектите, други податоци согласно Законот за кредитно биро како и изработка на извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските на субјектот на податоците.

Успешно работење на КИБС

КИБС АД Скопје ја продолжува успешната работа и позитивниот раст во однос на финансиските резултати, обемот на извршени услуги, задоволството на корисниците на услуги и сервиси, ангажирањето и посветеноста на органите на управување, менаџментот и вработените. Годинава друштвото оствари позитивен финансиски резултат, во насока на одржување на целосна стабилност и сигурност во работењето. Успехот во работењето се должи и на одличната соработка со корисниците на услугите на КИБС, следењето на финансискиот сектор и соодветно реагирање на промените и предизвиците, следењето и развојот на информатичката технологија, одржување и подигање на нивото на автоматизацијата на процесите и примената на најсовремени технологии, посветеноста и грижата за потребите и барањата на корисниците и примената на меѓународните стандарди за работење.

Информации за издавање на ДИГИТАЛНИ СЕРТИФИКАТИ



Телефони
+ 389 (02) 3297 444 + 389 (02) 5513 444
факс:+389 2 3297 497
e-mail:helpdesk@kibs.mk.

Директно задолжување
КИБС АД Скопје изработи апликативно решение за симулирање на процесот за директно задолжување  според правилата, практиките и стандардите на СЕПА. КИБС потпиша договор со Европскиот платен совет за користење на лиценци за правилата, процедурите, стандардите и форматите на шемите за директни задолжувања. Симулаторот е на располагање на сите заинтересирани страни при што истите можат да учествуваат во улога на банка, должник или доверител. За повеќе информации можете да се обратите на e-mail: DirektnoZadolzuvanje@kibs.mk.

Македонското кредитно биро АД Скопје

Македонското кредитно биро АД Скопје Македонското кредитно биро АД Скопје (МКБ) е првото приватно кредитно биро во Република Македонија и е во сопственост на КИБС АД Скопје.

Основна функција на МКБ е да врши целосно или делумно, собирање и обработување на податоците за обврските на субјектите и/или други податоци определени со Закон за кредитно биро, со цел да обезбеди извештаи за задолженоста и редовноста во исполнувањето на обврските од страна на субјектот на податоците.

Производ на Македонското кредитно биро е Извештај.

За повеќе информации можете да се обратите на:
e-mail: info@mkb.mk
тел.:+389 (0)2 3251 280
факс: +389 (0)2 3251 290