|
|
|
 |
| |
|
|
| |
Клириншката куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје е основана 2001 година од страна на банките, согласно Законот за платен промет, со цел утврдување и пребивање на мали меѓубанкарски плаќања на мултилатерална основа.
Учесници во клирингот се сите банки регистрирани за вршење на домашен платен промет во Република Македонија.
Клириншката куќа работи во рамките на позитивната законска регулатива на платниот промет во Република Македонија, имајќи ги во предвид правилата и препораките од Банката за меѓународно порамнување во Базел и специфичностите на економско-финансискиот систем во нашата земја.
По реформата на платниот систем во Република Македонија, Клириншката куќа продолжи со успешно работење и понатамошен развој следејќи ги интересите и потребите на нејзините основачи и корисници.
Клириншката куќа е изградена врз основа на современа информатичка технологија со користење на сопствени ресурси. |
|
|
|
|
|
| |
Воведување на ISO 9001:2000
|
01.03.2007
Во февруари 2007 година КИБС АД Скопје успешно ја помина сертификационата проверка од QualitiyAustria и се стекна со сертификат за воведен Систем за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2000
|
|
|